Советот на Кочани во понеделник ќе избира в.д. градоначалник
Неизвесен станува изборот на в.д. градоначланик на Кочани и покрај тоа што претседателот на општинскиот совет за понеделник закажа седница токму со оваа точка. Кочани речиси еден месец е без градоначалник откако Папазав, првично поднесе оставка, а потоа се најде и меѓу приведените за ужасната несреќа. Иако општината има заменик градоначалник- Мирче Стојков од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, спорна е валидноста на неговиот потпис. Со тоа е закочена работата на целата општинската администрација, а не може да се исплати и плата на сите вработени во институциите што се во надлежност на Кочани, како градинки и училишта.
Кворумот за седницата е обезбеден, вели претседателот на Советот.
Иако, на координацијата е постигната согласност и од опозициската СДСМ да даде поддршка на кандидатот што ВМРО-ДПМНЕ ќе го прелдожи, проблем е што засега ниту еден од советниците на оваа партија не се пријавил за функцијата.
Согласно законот, по оставката на Папазов на 18 март, Стојков како заменик градончланик во рок од 15 дена го извести министерството за локална самоуправа, по што беше инцирана постапката за избор на в.д. градоначалник. Владата на 1 април го задолжи општинскиот Совет во рок од 30 дена да направи избор на в.д. градончланик на Кочани, кој на оваа функција треба да остане до редовни избори на есен.
-
Катерина Нешковa
Сите содржини од овој новинар