-->
-->
Заев: Укинувањето на договорот од Преспа ќе ја уништи иднината на земјата
-->
Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска реагирајќи на одредени најави на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на Договорот од Преспа со Грција истакна дека тоа ќе биде опасно и може да ја врати земјата 25 години назад. Не верувам, рече Заев, дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на овие избори, уште помалку дека ќе освои 2/3 мнозинство за да го смени Договорот, но, должни сме да укажеме на граѓаните што би се случило доколку тоа се направи.
Во неколку наврати, рече Заев, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и за странски и за домашни медиуми најави дека доколку имаат двотретинско мнозинство ќе го укинат Договорот од Преспа, кој, како што потенцира, е договор кој не донесе до НАТО и до чекор со ЕУ.
– Дали ВМРО-ДПМНЕ се свесни што ќе се случи ако се уништи Преспанскиот договор? Укинувањето би не вратило 25 години наназад, и би го вратило ПЈРМ односно ФИРОМ, име со кое бевме именувани на сметка на уставното име. Тоа ќе значи укинување на членството во НАТО, губење на ЕУ перспективата, губење на милијарда евра инвестиции. Без договор од Преспа, ќе исчезне поддршката од нашите стратешки партнери, нови блокади од Грција, нова внатрешна нестабилност и ризици за конфликти, рече на прес-конференцијата Заев.
Тој додаде дека укинувањето на договорот е опасна работа и оти затоа целата демократска јавност и СДСМ се тука да гарантираат дека договорот од Преспа ќе живее, и дека ќе донесе иднина за нашата земја.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Чомовски, новинар
-
На лекување во странство остануваат 48 повредени во пожарот во дискотеката во кочани
-
Протест во Кочани
-
Конструктивен состанок на лидерите на Вреди, блиску до заеднички настап на локалните
-
ССМ: Ни во синдикалната кошница нема алкохол и цигари, има само одмор во бунгалов во Дојран
-
Затворени четири угостителски објекти во Југоистокот поради недоследности во заштитата од пожари
-
Се зголемува интересот за тутунот кај нас, Македонија втора во светот по Турција за производство на ароматичен тутун
-
Детектирање на проблемот со булингот