ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го крие договорот зашто има елементи против националните интереси
Во реакција на изјавата на потпретседателката на СДСМ Радмила Шекеринска, ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека прифаќањето на платформата од Тирна од страна на СДСМ предизвикува тензии и сериозна загриженост меѓу граѓаните, вклучително и кај членови и гласачи на СДСМ кои се чувствуваат измамени.
- Народот е мудар и сфаќа дека Шекеринска и СДСМ го кријат договорот затоа што тој содржи елементи кои се спротивни на националните и државни интереси. Ниедна празна изјава на Радмила Шекеринска нема да ја намали загриженоста на граѓаните за иднината на Република Македонија. Шекеринска го прави и денес тоа што најдобро знае и го практикува две и пол децении, да ја манипулира јавноста за политичка корист, пишува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Наместо да си ја омаловажува државата и македонскиот народ кај странски претставници, додава ВМРО-ДПМНЕ, добро е Шекеринска после толку време политиканство да седне и нешто корисно да се обиде да стори за сопствената држава.
Ново на Сител
-
Ново од Трамп: Царините за Кина рекордни 125 отсто, за останатите држави само 10 отсто
-
30-дневен притвор за директорот на Геријатрија
-
Тема на денот со Зоран Јолевски, поранешен амбасадор на САД и експерт за меѓународна економија
-
Осквернавен споменикот на децата бегалци
-
Уште четворица повредени во пожарот во Кочани се враќаат во Македонија
-
Продолжија судењата против Мерко
-
Кина возврати со 84% на американските 104% царини, ЕУ возврати со 25%
-
30 дневен притвор за директорот на Геријатрија