Продолжија судењата против Мерко
Со сослушување на сведоци кои беа донесени со полициска асистенција завршија вербалните докази но и материјалните кои судот ги прифати за судскиот процес против градоначалникот Рамис Мерко за набавката на луксузниот автомобил „Ауди А6“ за потребите на Општина Струга .Според судијата Јованов на наредното рочиште во месец јуни треба да има завршница на овој случај.
Во однос на изјавата на претставникот од Државниот завод за ревизија дека во време на блокирана жиро сметка е набавено возилото и дали тоа во голема мера ќе влијае на одлуката судијата Јованов истакна дека ќе бидат земени во предвид сите искази.
Лилјана Стојанова поранешна вработена во Државниот завод за ревизија истакна дека во услови на блокирана сметка, претседателот на суд дава одобрение за функционирање на Општина и одобрен месечен лимит дали тоа во голема мера ќе влијае на одлуката судијата Јованов истакна дека ќе бидат земени во предвид сите искази.
И судењето за спорната спомен плоча која беше поставена на зградата на Општина Струга, продолжи со изведување на вербални докази на обвинението.
Рамиз Мерко и утре ќе седне на обвинителна клупа овој пат за незаконското поставување на директори во неколку основни училишта во Струга и струшко.
Инаку против Мерко во моментот активни се девет судски предмети за несовесно работење во службата.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар