Македонија
9. April 2025 - 16:43

30 дневен притвор за директорот на Геријатрија

Обвинителството побара притвор за директорот на Геријатриската болница Скопје кој беше фатен со 20.000 евра поткуп за да смести тешко болен пациент.

Истрагата покажала дека тоа била само авансна сума или „капар“, а крајната цел била да добие неверојатни 100.000 евра од семејството.

Тој им давал и совети како да дојдат до парите откако дознал дека пациентот поседува сопствен стан кој може да биде продаден.