Кина возврати со 84% на американските 104% царини, ЕУ возврати со 25%
Стапија на сила реципрочните царини на Трамп, вклучувајќи ја и огромната од 104% за Кина., но и за нас од 33 отсто. Стравот и неизвесноста од рецесија ја зголемија паниката на берзите. Сите се во црвено, а американскиот С&П 500 за 4 дена загуби над 5,8 трилиони долари, што е најголем пад од создавањето на индексот во 1950 та година.
Додека акциите на големите компании тонат и доларот губи од вредноста, Трамп се фали – лидерите од многу земји ме молат за договор за тарифите
„Повеќе земји ме бараат и ми го бакнуваат задникот. Умираат од желба за да склучат договор. Ве молам, ве молам, господине, да се договориме. Ќе направиме се“, го имитирал Трамп наводното однесување на дел од погодените земји.
Пекинг вети дека ќе се бори против уцената на Трамп. Преку ноќ кинезите се предомислија и наместо 34, воведуваат 84% царина за увоз на американски производи.
„Американската страна сè уште наметнува екстремен притисок врз Кина со воведување тарифи неселективно. Кина цврсто се спротивставува и никогаш нема да прифати такво арогантно и силеџиско однесување. Ако САД навистина сакаат да го решат проблемот преку дијалог и преговори, треба да покажат став на еднаквост, почит и реципроцитет. Ако САД не ги почитуваат интересите на двете земји и меѓународната заедница и инсистираат на трговска војна, Кина дефинитивно ќе возврати“., изјави Лин Џиан, портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи.
Одговор на царините на Трамп подготви и Европската Унија. Со 25% ќе ги царинат америакнските земјоделски и индустриски произвоси како бадеми, сок од портокал, живина, соја, челик, алуминиум, тутун и јахти. Високото е тргнато од листатат откако Трамп се закани дека ќе воведе контра царина од 200 отсто за европскиот алкохол.
Првиот сет тарифи ќе стапи на сила од 15 ти април, вториот, каде спаѓаат челикот, месото, белото чоколадо и полиетиленот, од 16 мај. Тарифата од 25% за бадеми и соја би стапила на сила на 1 декември.
Товарот од трговската војна ќе го сносат американците, предупредија економистите во САД . Во следните 6 месеци очекуваат се да им поскапи – за 37% облеката, 30 отсто компјутерските делови и видео игри, 27% телефоните, се до телевизори и медицинснка опрема. Според анализата, американанските потрошувачи во пресок ќе плаќаат по 2,100 долари повеќе поради тарифите на нивниот престедател.
А апетитите на Трамп не застануваат. Најави дека многу скоро ќе воведе царини и за фармацевските производи.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар