Бизнисот ги бара парите од солидарниот данок, Финансии ги убедува да прифатат пребивање
Бизнисот си ги бара парите од солидарниот данок, министерката за финансии на средби ги убедува да прифатат пребивање. Откако Уставниот суд го поништи законот, државата ќе треба да им врати 49 милиони евра на 156 компании во следните 5 години. Министерката за финaнсии компаниите од Стопанската комора ги информирала дека исплатата на парите ќе биде голем товар за буџетот, но средствата ќе им бидат вратени во рок пократок од 5 години.
Претстојат средби со компаниите на чиј предлог ќе се утврди динамиката на враќање. Со разговорите ќе се продолжи и во наредниот период ќе бидат подготвени предлози врз основа на кои ќе се разговара и ќе се решава ова прашање, се наведува во соопштението од Министерството за финансии.
Од компанијата која плати највисок износ на солидарен данок - 4,2 милиони евра веќе изјавија дека ќе си ги бараат парите назад, но за динамиката на враќање се подготвени да преговараат. Најверојато ќе се откажат од каматите кои им следуваат.
„Согласно законските можности и рокови, Макстил ќе го започне процесот за барање за поврат на средствата исплатени за солидарниот данок. Дополнително, Макстил е подготвен да ги договори со Владата и Министерството за финансии, динамиката и точниот модалитет на враќање на средствата. Сметаме дека секоја одлука што излегува надвор од законските рамки, како што беше случајот со солидарниот данок, има значителни последици врз финансиската стабилност и буџетските политики, како и врз довербата на компаниите во институциите.
Подготвени на разговори за утврдување на динамиката и начинот на враќање на парите се и другите фирми, членки на комората, кои во 2023 та платија еднократна давачка, а парите се искористија за антикризни мерки. Во следниот период министерката најави средби и со останатите комори и здруженија.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар