Уште два нови случаи на пертусис во Куманово

Уште два нови случаи на пертусис се евидентирани во Центарот за здравје Куманово, соопштија денеска надлежните од установата.
- Во текот на вчерашниот ден, стигнати се пријави за два случаи на пертусис, потврдени лабораторски во микробилошката лабораторија на нашиот центар. Двата се случаи се од градот Куманово. Едното е петмесечно доенче, вакцинирано со една доза, хоспитализирано во Козле и еден дваесетгодишник кој е целосно вакциниран со пет дози и е на домашно лекување, изјави доктор Едита Рамизи, епеидемилог од Центарот за јавно здравје Куманово.
Заклучно со 18 март на подрачје на Центарот што ги опфаќа општините од североистокот има десет случаи, девет во Куманово и еден во Крива Паланка.
Од вакциналниот пункт на Здравствен дом Куманово информираат дека од средината на јануари досега со ДиТеПер вакцина имунизирани се 1.260 деца. Посебно интерес за вакцинација пројавиле родителите на деца кои посетуваат градинка. Покрај ДиТеПер, расте интересот и за МРП вакцина, бидејќи веќе во регионот и соседните држави има заболени од морбили. Кумановските лекари препорачуваат целосна вакцинација, зашто пертусис е втора по морбили контагиозна болест која не ги штеди помалите, ниту повозрасните и повикаа и родителите детално да ги проверат вакциналните картони.
Ново на Сител
-

Арсовска не сака да назначи нов директор на Комунална хигиена, претпријатието пред колапс
-

Касами менува реторика: Изјавата му била политички погрешно толкувана
-

Кандидатите за скопските општини со ветувања за млади, занаетчии, отворање на мали бизниси
-

Анализа на реториката на кандидатите за градоначалници во вториот изборен круг
-

Две третини од избраните градоначалници добија продолжување на мандатот
-

Сиљановска-Давкова од Парискиот мировен форум: Евроинтеграцијата е дијалог, а не диктат
-

47те дојави за бомби во училиштата се лажни, од 2022та до денес има вкупно 1314 дојави за лажни бомби во Mакедонија
-

Каква сезона на грип не очекува?
