Бизнис
29. October 2025 - 21:15

Предлог буџетот е остварлив, само ако парите се насочат кон вистински капитални проекти

Експертите скептици дека предложениот буџет за следната година ќе донесе раст и развој на економијата. Проектираниот 3,8% пораст на БДП е остварлив само ако се реазлизират капиталните инвестиции. Иако за нив Владата одвои помалку пари, според експертите ако се насочат во вистински проекти кои ќе привлачат нови инвестиции, државата ќе оди напред. Но ако најгоелм дел од буџетот се потроши за плати и социјални трасфери, ќе назадуваме.

Предлог буџетот за следната година ќе изнесува 6,7 милијарди евра. Приходите се проектирани на 6,1 милијарда. Минусот ќе се покрива со задолжување надвор и дома. Планирана е еврообврзница која може да надмине милијарда евра.

Големото задолжување, според Бошков, ќе го наруши имоџот на државата.

Тоа можеби нема да го почувствува обичниот граѓани, но сигналите надвор кои ги следат инвеститорите, ќе остават лош впечаток за земјата дека не е погодна за инвестирање, вели Миле Бошков.

Оптимистички се владините очекувања за инфлацијата. Според нив, ќе се спушти на 2,5 %. Дефицитот на тековната сметка ќе изнесува 3,5 отсто од БДП. Ако сакаме да се намали, Бошков предлага да се продаде дел од имотот во странство, кој со години не се користи.

Вели добро е да растат платите, но да има и за прекфалификација и обука,за истражување и развој, примена на вештачката интелегенција, за вработување нови инспектори во пазарниот и трудов инспекторат, за да се намали сивата економија. На тој начин може да очекуваме придвижување на економија.