Бизнис
9. October 2025 - 16:56

Одземени 46 концесии за рудници и активирани 4 банкарски гаранции за фотоволтаици

Пуцко Петрол, Сол Груп 5, ЕМК ДООЕЛ и СБН Енерџи останаа без лиценци за фотоволтаици. Не ги почитувале обврските од потпишаниот договор, односно не ги изградиле централите во предвидениот рок, по што министерството за енергетика ги активирало банкарските гаранции вредни 640 илјади евра.

Правната служба заклучи дека овие фирми немаат исполнето дел од обврските според Договорот, поради што се пристапи кон одземање на парите и банкарските гаранции се наплатени, рече министерката за енергетика, Сања Божиновска

За непотичување на обврските, одзменени се и 46 концесии за рудници. Од направените контроли од почетокот на годинава, инспекторите утврдиле дека најголем дел не ги плаќале надоместоците за концесија, не експлоатирале согласно законскиот минимум од 20-отсто годишно, а немале ни еколошки дозволи. Божиновска најави засилени контроли и во периодот кој следи, а недостигот од кадар ќе го компензираат со надзор преку дронови. Министерката вели дека согласно годишниот план за изградба на нови енергетски капацитети, интерес од една компанија имало и за когенеративна централа.

Многу е важно документацијата да биде во ред и дали инвеститорот има искуство, дали знае да ја изгради когенеративната централа, истакна Божиновска.

Божиновска поднела и иницијатива за заштита на македонскиот рубин, кој е единствен во Европа, а го има во Прилеп и Мариово. Ќе се бара да биде прогласен за национално минерално наследство. Министерката информира и дека крајот на месецов кај нас ќе се одржи Меѓународен форум за енергија за одржлив развој, каде ќе присуствуваат над 300 учесници, меѓу кои и од Обединетите нации. Ќе се дефинираат конкретни политики и стратегии за забрзување на глобалниот напредок кон одржлива енергија.