Бизнис
23. October 2025 - 16:28

Македонската економија ќе бележи раст од 3%, и инфлација од 4% - прогнозира Виенскиот институт

Со просечен економски раст од 3%, Македонија меѓу дното на табелата  од земјите во регионот.

Виенскиот Институт ги објави најновите есенски прогнози за следниве 2 години, каде зад нас е само Босна, со раст од 2,6 отсто. За оваа година предвидувањата со највисок раст да имаат  Косово,Албанија и Црна Гора, додека Србија најнизок, од само 2%.

Инфлацијата годинава ќе остане висока – 4 отсто, а малку пониски трошоци за живот ќе има дури следната. Минусот во државната каса ќе се задржи на 4% од БДП, додека дефицитот на тековната сметка ќе изнесува 3,2 отсто., пишува во извештајот за земјава. 

Растот ги надмина очекувањата, поттикнат од станбената изградба и силниот извоз, делумно поттикнат од однапред оптоварувачките мерки пред американските царини.

Во меѓувреме, имаше повторно зголемување на инфлацијата, која ги еродира реалните плати. Фискалната политика остана лабава, кршејќи ги фискалните правила, со популистички трошења за пензии наместо за капитални проекти. Претстојните локални избори ќе бидат првиот голем тест за популарноста на новата влада и би можеле да одредат дали таа ќе го задржи својот курс или ќе ги прилагоди своите политики, наведува Виенскиот институт. 

Прогнозите за земјите членки на Унијата се раст од 2,2 оваа и 2,6 отсто следната година. Земјите од еврозоната пак, ќе имаат просечен раст од 1,3 осто.

Дополнителен повисок раст на БДП од 0,2 до 0,3 отсто  ќе имаат земјите членки на НАТО со наглото зголемување на трошоците за одбрана. Полска  и балтичките земји се очекува да имаат уште поголема корист од зголемените трошици за одбрана, прогнозира Виенскиот институт.