Бизнис
14. October 2025 - 16:29

ММФ предвидува раст на македонската економија од 3,4% годинава

Македонската економија годинава ќе порасне 3,4, а следната 3,2 отсто.

Меѓународниот Монетарен Фонд благо за 0,2 процентни поени, ја намали проекцијата од ланскиот октомври, и со вакви бројки нашата економија, заедно со Албанија и Косово ќе бележи највисоки стапки на раст во регионот. Инфлацијата, до крајот на годината ќе остане висока и според ММФ ќе изнесува  3,9, додека следната 3 отсто. Пониски цени  можат да се очекуваат дури во 2030 та, кога инфлацијата ќе се стабилизира и спушти до 2%. Според ММФ, дефицитот на тековната сметка оваа година ќе изнесува 3,6 отсто, а следната 3,1 отсто.

Во најновиот извештај ММФ благо ги спушти прогнозите за глобалниот раст на 3,2 % оваа и 3,1 следната., што е намалување од 0,2 отсто од претходнсиот октомври. Како причини се наведуваат високите царини кои ги наметна Трамп и  различни трговски договори со некои земји.

Дел од државите се воздржаа од реципроични мерки, па затоа ефектот  од царините е помал отколку што се очекуваше.И покрај стабилното прво полугодие од годината, персепктивите за економиите  во светот се кревки, додека ризиците - намалени. Главниот ризик е дека царините можат дополнително да се зголемат и заедно со нарушениот синџир за снабдување, да го намалат глобалното производство за 0,3% следната годоина.Притисоците за трошење државни пари се зголемуават во многу земји, што може да ги зголеми каматаите на кредите, велат од ММФ.

Фискалните притисоци се зголемуваат во многу земји и може да комуницираат со кршливоста на финансиските пазари за дополнително да ги зголемат трошоците за задолжување и да ги зголемат ризиците од префрлање. А институционалниот кредибилитет, особено независноста на централната банка, се соочува со растечки политички притисоци што би можеле да ги десикорираат очекувањата за инфлација, рече главниот економист на ММФ, Пјер-Оливие Гуринчас.

Значен поттик на растот можат да му дадат побрзото решавања на трговските тензии, намалување на неизвесноста, како и зголемување на продуктивноста од вештачката интелегенција, доде Гурунчас.

Инаку и Светска банка минатата недела излезе со прогнози за македоснкоата економија, каде очекуваат растот да достигне 3,1 отсто, инфлацијата 3,8 и фискалниот дефицитот да достигне 45.