-->
-->
Тутунарите од Штип и Карбинци задоволни од откупната цена
-->
Тутунопроизводителите од штипско-карбинскиот регион се задоволни од проценката на кавлитетот на тутунот, но и од откупната цена која се движи меѓу 190 и 230 денари.
Како што велат, веднаш штом им се откупи тутунот, им се исплаќаат и субвенциите.
Во Општина Карбинци се отворени два откупни центри, а исто толку и во Штип.
- Задоволен сум што годинава тутунот се цени во прва и втора класа, а поретко трета класа. Имам над три тони и квалитетот е добар, за разлика од лани кога беше многу лош, вели Илијаз Сулејманов од Општина Карбинци.
Производителите очекуваат откупот да помине без проблеми и да бидат преземени околу 300 тони тутун.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мечките повторно се спуштија во селата во Реканскиот регион
-
Светски ден на учителите - МОН почна кампања „Магијата е во знаењето“
-
Жените во Македонија сеуште се соочуваат со низа предизвици
-
Расте побарувачката, но и цената на становите во Штип
-
Пчеларите бараат поедноставени процедури за пристап до финансиска поддршка
-
Преглед на вестите од светот
-
Митинг на ВМРО ДПМНЕ во Ѓорче Петров
-
Митинг на СДСМ во Велес