Концепт - Нула сообраќајни несреќи во Скопје ветува Ѓорѓевски
Низа капитални проекти во Ѓорче Петров најавува кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за град Скопје. нов кружен тек меѓу улицата „Ѓорче Петров“ и булеварот „Македонска војска“, според Ѓорѓиевски ќе ја зголеми безбедноста во сообраќајот и ќе го намали сообраќајниот хаос. Сите проекти ќе бидат помогнати и од општината најави и кандидатот за Ѓорче Петров Александар Стојкоски.
Планираме до 2030 година да редизајнираме 50 критични крстосници и улици по европски стандарди да создадеме град во кој сите учесници во сообраќајот ќе се движат без страв и ќе се чувствуваат пред се безбедно“, истакна Ѓорѓиевски.
Од вчерашните митинзи пак партискиот лидер порача дека по изборите лично ќе се позанимава со судството и обвинителство кое според него 7 години молчи за очигледните криминали на претходната власт. Резолуцијата со црвени линии која ја нуди Филипче, според Мицкоски е подарок на СДСМ за Бугарија, тој подарок вели, е тројански коњ.
Се сеќавам, не заборавам, дека поранешниот премиер на нашиот источен сосед јавно зборуваше дека финансиски ја помогнал таа опција на СДС, партијата на чие челo е Венко, и тоа директно преку куферче пари кон неговиот гуру и ментор од Струмица. Сега не сакам да верувам, но многу е логично дека повторно тропнале на истата врата и повторно се надеваат на ново куферче, а подарокот кој што нашиот источен сосед може да го плати е пробив одвнатре – нов предлог за ново предавство на националните и државни интереси, нагласи Мицкоски.
ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе одржи митинзи во Василево, Босилово, Радовиш и Струмица.
-
Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар