Македонија
5. October 2025 - 16:28

Жените во Македонија сеуште се соочуваат со низа предизвици

Македонската жена сеуште се соочува со низа предзвици во современото општество.Алармантна е состојбата со наталитетот а загрижува и фемицидот и семејно насилство, кои се директна последица на несоодветното и ненавремено постапување на институциите.

Кимберли Флечер претседателка на американската организација „Мајките за Америка“потенцира дека во ситуации каде има насилство најдоброто решение е жената  да знае дека не е сама и може да биде заштитена.

Личната мисија на Кимберли е да ги инспирира мајките ширум светот да ја препознаат и применат својата вредност и моќ во општеството.