Македонија
5. October 2025 - 16:28

Светски ден на учителите - МОН почна кампања „Магијата е во знаењето“

Јаневска најави ревизија и на приватните академии и курсеви за да се добие јасна слика што плаќаат граѓаните за образование. Ќе биде објавен список со релевантни образовни институции за да нема заблуда меѓу младите кога решаваат да се упишат на некои од овие академии наместо да студираат на некој од акредитираните факултети. Многу повеќе инвестиции за истражување и наука предвидува МОН за да се доближиме до критериумите за шангајската листа на која со години нашите универзитети не се во ниту еден ранг. 

На светскиот ден на учителите МОН почна кампања„Магијата е во знаењето“ за важноста на наставниците и просветните работници. Јаневска порача дека со поддршка на Владата и во следниот период посветено ќе вложуваат во наставничката заедница, отворајќи нови можности за напредок и развој на образвониот систем. 

По неколку години студирањето на педагошкиот факултет повторно е актуелно кај матурантите. Деканката е задоволна од годинашниот број на запишани студенти. 

МОН и Сојузот на просветни работници доделија признанија за наставник на годината.