Македонија
5. October 2025 - 16:28

Предизборни ветувања на кандидатите за градоначалник на Скопје

Кандидатот за градоначалник на Скопје од Левица, Амар Мециновиќ денеска меѓу граѓаните на Ѓорче Петров, Центар и Карпош ја претставува предизборната програма. Во фокусот се јавниот транспорт, загадувањето и работата на градските комунални претпријатија.

Пренамена на Градскиот трговски центар во ново седиште на градската администрација и целосно озеленување на покривот е дел од предизборното ветување на кандидатот за градоначалник од коалицијата „Искуство за успех“.

Александар Трајановски вели, така ГТЦ ќе прерасне во центар кој ќе ги спојува админстрацијата, иновацијата и екологијата.

Независниот кандидат за градоначалник поддржан од ТМРО, Александар Рашковиќ, најавува спортски проекти. Неговата предизборна програма предвидува градот Скопје да управува со фудбалскиот клуб „Вардар“.

Предизборни активности имаат и останатите кандидати за градоначалник на главниот град.