Македонија
5. October 2025 - 19:59

20 години Меморијален центар на Холокаустот во Македонијa

Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија" вчера вечерта одбележа 20 години од поставувањето на камен-темелникот, на првиот од таков тип во регионот музеј, кој претставува и значаен симбол на македонско-еврејското пријателство, како и историски спомени за судбината на Евреите од Македонија низ историјата.

На настанот беше промовирана книгата на Тихомир Каранфилов: „Евреите од Македонија и отворањето на Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија“.

Меѓу гостите беше и претседателката Гордана Силјановска Давкова. Управниот одбор и раководството на Фондот и Меморијалниот центар доделија 130 благодарници за лица кои дале несебичен придонес кон изградбата на овој објект.

Меѓу нив се поранешниот претседател Ѓорге Иванов, екс американските амбасадори Филип Рикер, Џилиен Миловановиќ, академици, претставници на еврјската заедница во Македонија, меѓу оние на кои им е доделена благодарница за посебен придонес е и Мартин Протогер, за неговата поддршка при изградбата на Меморијалниот центар и поддршка на Еврејската заедница во Македонија. 

Меморијалниот центар е значајна културна и историска знаменитост на Скопје, која неодамна во својата посета на градот ја посети и секретарот за трговија на САД, Хауард Лутник, директорот на „Трамп соушал“ и сегашен советник на претседателот Трамп, Девин Нунјес, но и други високи гости и граѓани кои низ децениите наназад го посетуваа овој значаен објект.