Седници на две собраниски комисии
Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за образование, наука и спорт и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.
На Комисијата за образование, наука и спорт пратениците во прво читање ќе го разгледаат предлогот за изменување на Законот за обука и испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење како и предлогот за основање на Технолошко – технички факултет, Ветеринарен факултет и Правен факултет во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола.
На седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците пратениците ќе го разгледаат годишениот извештај за работата на Судскиот совет на Република Македонија за 2017 година, а во прво читање ќе дискутираат за изменување на Законот за инспекциски надзор.
Ново на Сител
-
Палевски: Криминален ум би ја убил мајката, а не Вања
-
РЕК Битола ја исчисти недозволената количина на пепел, тврдат дека не била токсична
-
Меџити до Таравари: И со ДУИ и во Влада не штима
-
Мицкоски: Ако сакаме во ЕУ мора да го урнеме корумпираниот систем
-
Освен на културните работници, платата им доцни и на стотици други вработени во државни институции
-
Извештај на ММФ
-
Преглед на вестите од светот
-
Акција на МВР: Околу 50 осомничени за злоупотреби во ПИОМ