Македонија
27. April 2025 - 13:41

15-годишник се тепал со друг малолетник, па нападнал и полициски службеник

На 26.04.2025 околу 22.30 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода двајца малолетници на возраст од 14 и 15 години од Скопје затоа што го нарушиле јавниот ред и мир и претходно учествувале во физички пресметка помеѓу повеќе малолетници.

При приведувањето, 15-годишникот нападнал и полициски службеник кој извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.