Македонија
27. April 2025 - 12:22

16-годишен мотоциклист загина откако се судри со електричен тротинет

На 27.04.2025 во 02.28 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Цветан Димов“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „пиаџо беверли“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од Скопје и електричен тротинет управуван од 14-годишник од Скопје.

Од здобиените повреди на местото починал мотоциклистот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Додека, 14-годишникот се здобил со телесни повреди констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото на несреќата извршиле екипа од СВР Скопје и јавен обвинтиел, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција. По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.