Преглед на вестите од светот
Неколку земјотреси го погодија најголемиот турски град Истанбул – најсилниот со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала. Од снимките објавени на социјалните мрежи се гледа вознемирени граѓани како во паника ги напуштаат зградите и се обидуваат да воспостават контакт со своите најблиски. Едно лице е повредено кога во паника скокнало од прозорец соопштија локалните власти. На Си-Ен-Ен Турк гледачите можеле да видат во програма во живо како студиото се тресе во моментот кога се случил првиот и најсилен потрес. Локалните власти засега не добиле извешати за матерални штети , но ги повикаа жителите и туристите да не влегуваат во зградите и куќите кои би можеле да бидат оштетени од земјотресите. Во 2023 година, Труција ја погоди рззорен земјотрес од 7,8 степени во кој загинаа над 53 000 луѓе а над илјадници згради беа уништени или оштетени.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја отфрли можноста за признавање на окупираниот Крим како руска територија, откако некои американски медиуми објавија дека тоа го разгледуваат САД и Кремљ .
- Украина не ја признава законски окупацијата на Крим. Нема што да се зборува. Ова е надвор од нашиот устав. Тоа е наша територија. Територијата на народот на Украина.„Штом ќе почнеме да зборуваме за Крим, за нашите суверени територии, влегуваме во формат што го сака Русија, а тоа е да се одолговлекува војната. Затоа што нема да може брзо да се договориме за сè, вели Зеленски. .
Американскиот потпретседател Џеј ди Венс изјави дека Украина и Русија ќе мора да се откажат од дел од териториите кои моментално ги контролираат за да постигнат мировен договор. Ќе мора да има размена на територии“, вели Венс додавајќи дека двете страни „мора да го положат оружјето, да го замрзнат конфликтот и да продолжат да градат подобра Русија и подобра Украина“.
Ковчегот со телото на папата Франциск утрово е пренесен во базиликата Свети Петар и таму ке остане до сабота, за кога е закажан погребот. На верниците им е дозволено да влезат во базиликаат за да му оддат послдената почит на починатиот понтиф. На погребот на папата Франциск во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим се очекува да присустуваат над 100 странски делегации и над 200 000 верници.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар