Loading Video...
Свет
21. April 2025 - 16:43

Почина папата Франциск

Ѕвоната бијат на плоштадот Свети Петар во Ватикан по повод смртта на папата Франциск. Почина утрово на 88 – годишна возраст во резиднецијата во Ватикан, Каса Санта Марта.

Во 7 часот и 35 минути утрово римскиот бискуп фрањо се врати во домот на отецот. Целиот негов живот беше посветен на службата на господ и на неговата црква. Тој не научи да ги живееме вредностите на евангелието со верност, храброст и универзална љубов, особено во корист на најсиромашните и маргинализираните. 

Вчера  се радувавме, се појави на балконот по повеќемесечно  лекување од двојна пневмонија, ни го честита Велигден, а сега повеке го нема. Насекаде во светот верниците жалат за смртта на поглаварот на римокатоличката црква, а илјадници луѓе се упатија кон Рим.

„Тоа е големо разочарување, голема загуба, човек кој ја иновирал црквата и човек кој оставил голема трага, а ова, неговото отсуство предизвикува голема болка.

„Тој беше добар човек. Се залагаше за сиромашните. Не се однесуваше супериорно. Тој не беше некој на функцијата, тој беше само личност. Така, јас исто така бев среќен со неговиот избор“.

„Мислам дека тој беше голем папа. Мислам дека секој христијански народ мора да дојде овде да се прости од него, овие денови. Особено затоа што тој е првиот човек против војните. Тој би сакал мир во светот“

Аргентинскиот кардинал хорхе марио бергољо беше избран за поглавар на римокатоличката црква на 13 март 2013 година по повлекувањето на бенедикт шеснаесетти и го избра името Франциск. Беше 266-ти понтиф, првиот папа роден надвор од Еропа во повеќе од еден милениум, првиот од Америка и првиот језуит.  

Беше препознатлив по својата скромност, блискост со луѓето и заложбите за социјална правда.  Надвор од ватикан, франциск беше почитуван и славен како глобална ѕвезда. Привлекуваше огромни маси верници при посетите на странски земји.

Тој дојде на чело на римокатоличката црква во незгоден период, кога беше на удар од честите скандали за сексуално злоставување деца и раскината од внатрешни битки меѓу бирократи во Ватикан.

- Францис навистина ја промени црквата на повеќе начини. Мислам, тој го смени целиот стил на да се биде папа, ги промени приоритетите на црквата во однос на нејзината пасторална практика и нејзината јавна политика, ја отвори црквата за повеќе разговори, дебата и дискусија. Сето тоа се драматични начини на кои тој ја промени црквата од она што беше порано.

- Мислам дека наследството на френсис е тоа што тој ја отвори вратата за многу фундаментални реформи кои треба да се случат во црквата. Тој дојде овде како вистински аутсајдер, никогаш не студирал или работел во рим и навистина ги потресе работите со својот пристап..

Папата Франциск беше син на италијански имигранти, железничари. Тој е роден на 17 декември 1936 година  во буенос аирес.  Пред да стане свештеник, бергољо се школувал за индустриски хемичар, излегувал со девојки и обожавал да танцува танго. Но случајна средба со непознат свештеник му го сменила животот и го насочила кон духовниот пат. 

По негова желба, ќе биде погребан надвор од ватикан, неговите посмртни останки ќе бидат положени во базиликата санта марија маџоре, една од четирите главни папски базилики во Рим. Ватикан засега не соопшти детали за погребот или за процесот на избор на нов папа.