Христијаните ширум светот го празнуваат Велигден
Голем број христијани присуствуваа на Велигденската литургија во Црквата на Светиот гроб во Стариод град во Ерусалим.
- Се чувствувам почестена што сум овде. Се чувствувам почестена што сум во Ерусалим и му благодарам на Бога што сум здрава за да можам да патувам. И се молам за Светата земја да постигнат мир, вели верничка од Германија, Моника Боасиг.
Вселенскиот патријарх Вартоломеј богослужеше во Пресвета Патријаршка црква во Фанар.
Папата Франциск кој е со нарушено здравје сосема кратко се обрати во Ватикан од главната тераса во Басиликата Свети Петар. Во велигденската порака побара прекин на огнот во Газа, но поракта ја прочита кардиналот Доминик Мамберти.
- Ја изразувам мојата блискост со страдањата на христијаните во Палестина и Израел, и со целиот израелски народ и палестинскиот народ. Растечката клима на антисемитизам ширум светот е загрижувачка. Сепак, во исто време, мислам на луѓето од Газа, а особено на нејзината христијанска заедница, каде што ужасниот конфликт продолжува да предизвикува смрт и уништување и да создава драматична и жална хуманитарна ситуација, рече Папата Франциск.
Рускиот патријарх Кирил чиноначалствуваше со литургијата во главната руска катедрала Христос Спасител во центарот на Москва каде присуствуваше и првиот човек руската федерација, Владимир Путин.
Велигден се чествува и во воените жаришта ширум светот. Христијаните во Газа втора година по ред празникот го слават само со молитва.
- Во градот Газа втора година славиме само со молитви, без радосни празнични ритуали, поради тажната ситуација во која се наоѓа градот поради војната. Го ограничивме нашето почитување на молитви внатре во црквата и ги откажавме сите формални прослави, вели Кадер Ал Насрави – Палестинец од Газа.
И во Киев христијаните се молат за прекин на огнот, но велат дека се скептици дека тоа ќе се случи.
Никој не верува во тоа (прекин на огнот). И самите го видовте и слушнавте: сирена за воздушен напад, извидувачки дронови. Веројатно сака да ги вооружи трупите, затоа веќе никој не му верува, вели жител на Киев.
Повеќе од 400 години католичката и православната црква користат различни начини за да го одредат точниот датум на Велигден. За тоа користат навидум едноставно правило: неделата по првата полна месечина на или по пролетната рамноденица. Но двете цркви користат различни календари. Поради тоа двата Велигдена можат да бидат оддалечени до дури пет недели. Може да се совпаднат и две години едно по друго, но може да помине и цела деценија без да се случи тоа.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар