МВ: ВМРО-ДПМНЕ 51,7% - СДСМ 10,9%
Повеќе од половина од гласачите кои ќе излезат на наредните избори ќе и дадат поддршка на владејачката ВМРО-ДПМНЕ покажува последната анкета која за МКД.мк ја спроведе Маркет Вижн. Според неа, ВМРО-ДПМНЕ ќе добие поддшка од 51,7% од излезените гласачи а СДСМ речи си 5 пати помалку односно 10,9%. Тоа е помалку и од ДУИ за кои би гласале 12,1% од излезените гласачи.
Интересно е што целата коалиција ВРЕДИ заедно би добила 13% од поддршката на оние кои ќе гласаат, но во овој колач, нешто помалку од полновина или 5,8% поддршка меѓу изелзените гласачи влече Таравари кој во моментов е на излезна врата.
Во борбата на малите партии Левица би му побегнала на ЗНАМ за нешто по 1,5 поен.
Интересен е високиот интерес за гласање. Дури две третини од анкетираните рекле дека ќе излезат на избори.
Меѓу политичките лидери најмногу довверба има премииерот Мицкоски од речи си 25,5% Следи Ахмети со над 6, па Филипче и Таравари со 3,8%.
Таравари стои најдобро во блокот Вреди а сите лидери на коалицијата заедно се подобри од Ахмети.
И покрај слабата поддршка граѓаните сепак го препознаваат Фиилипче како клучен опозициски лидер. Таков став имаат над една петина од анкетираните. По подолг период анкетата на Маркет Вижн констатира дека економијата станува поважен проблем од корупцијата иако овие две полиња покриваат над 80% од анкетираните.
За 40,6% од граѓаните клучен проблем се ниските приходи и високите цени додека за 39,8% криминалот и корупцијата.
Анкетата на Маркет Вижн е спроведена телефонски во периодот од 20 март до 17 април врз репрезентативен приимерок од 1200 испитаници.
-
Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар