Мицкоски: Ако сакаме во ЕУ мора да го урнеме корумпираниот систем
Ако сакаме во Европската унија мора да го урнеме корумпираниот систем. Дебатата посветена на реформската агенда, премиерот Мицкоски ја посвети на проблемите во правосудството и недостатокот на правда, кои ги посочи како најголеми проблеми и пречки за развој на државата.
Институциите кои треба да се борат против корупцијата – обвинителството и судството – често пати се неми, неефикасни или пак, под политичко влијание. Реформите во правосудниот сектор се најитни. Без нив, сите други реформи се безвредни. Нема европско општество ако:
Обвинителот бира по кого ќе отвори предмет, а по кого ќе премолчи;
Судот носи пресуди по избор на политички центри, а не по Устав и закон;
Граѓанинот ја губи довербата дека ќе добие правда, вели Мицкоски
Реформите што ги спроведуваме за периодот 2024–2027 се дел од една поголема слика. Тие не се наменети само за исполнување на барањата на Европската комисија. Тие се наменети за секој граѓанин кој сака пристапна едукација, ефикасна администрација, чист воздух, фер правда и вреден труд. Реформската агенда е повеќе од програмски документ. Таа е концептуална рамка за редефинирање на институционалната логика на државата, начин да се премостат системските празнини меѓу законот и правдата, меѓу политиката и јавниот интерес, меѓу економските политики и човечкиот развој, вели Орхан Муртезани, министер за европски прашања.
Реформаската агенда ја поддржува и Шведска, но амбасадорката вели дека без траспарентност и без примена на законите, граѓаните нема да ги почувствуваат промените.
За спроведување на реформите Македонија прва во регионот веќе доби над 50 милиони евра финансиска поддршка од ЕУ. Ова се 7% од вкупниот буџет од Планот за раст наменети за Западен Балкан, од кои Македонија треба да добие 750 милиони евра.
-
Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар