Прва самостојна изложба на цртежи на Давид Ристевски
Првата самостојна изложба на цртежи на младиот графички и веб дизајнер Давид Ристевски, познат како Dreadpen, ќе биде отворена утревечер во Concept 37 во Скопје. Изложбата е насловена „Инвазија од чудовишта“ (Monster Invasion) и е инспирирана од не/секојдневни искуства, стрипови, цртани и филмови.
- Се трудам да ја прикажам интересната, светлата и насмеаната страна на чудовиштата. Не сакам асоцијација за чудовиште да ми биде нешто страшно. Затоа, на моите цртежи ги претставувам во друго светло, во интересни и смешни ситуации, како би можеле да не насмеат, да ни го разубават денот и да не оттргнат за момент од сивилото, посочува авторот Ристевски.
Тој информира дека процесот на создавање на чудовиштата почнува со молив, а завршува на компјутер. При тоа некои од нив добиваат и текст, со што излегуваат од дводимензионалноста, добиваат карактеристика на вистински жив лик, кој ви се чини дека одамна го познавате и со кого може да разговарате.
Инвазијата од чудовишта ќе биде претставена во 22 дела/цртежи. Ќе бидат изложени нови и веќе објавени илустрации. На изложбата ќе може да се најдат и маички со ликовите од чудовиштата, кои заедно со сликите ќе бидат од продажен карактер.
Ново на Сител
-
Почина Панчо од „ДНК“, седум месеци се лекуваше од повредите во пожарот
-
Мицкоски за д-р Кузмановски: Професорот има импозантна биографија, тоа што се случи се случи
-
Пелегрини од Скопје - ЕУ ризикува со процесот на проширување
-
Македонија со помош на ЕУ ќе гради национален центар за вештачка интелигенција – „Везилка“
-
Проекти и ветувања на кандидатите за Град Скопје
-
Изборна кампања
-
Ќе се реновира железничката станица во Скопје
-
ММФ предвидува раст на македонската економија од 3,4% годинава