Македонија
14. October 2025 - 16:33

Мицкоски за д-р Кузмановски: Професорот има импозантна биографија, тоа што се случи се случи

Инспектори од Државниот санитарен и здравствен инспекторат денеска во вонреден надзор на Неврологија. Ќе ја разгледуваат документацијата дали и какви прегледи имал доктор Игор Кумановски, кој на снимки објавени на социјалните мрежи, во домашни услови меша бела прашкаста материја и коментира за квалитет на дрога. 

-По добиена наредба од министерот за здравство на ден 14.10.2025 година, во тек е вонреден инспекциски надзор на ЈЗУ УК за неврологија кој ќе ја опфати работата на здравствената установа и на разрешениот директор др. Игор Кузмановски како здравствен работник и како директор на таа установа во врска со одредби од Законот за здравствена заштита и Законот за евиденции од областа на здравството, велат од ДСЗИ. 

Кузмановски веднаш по појавување на снимката беше разрешен од менаџењрската функција, Неврологија од вчера има нов директор а за случајот со коментар и претседателот на Владата. Мицкоски вели дека тоа што се случило се случило и не треба враќање назад, а професорот невролог имал импозантна биографија. 

-Тоа што на моменти на слабост имал директорот поранешен, претпоставувам дека ќе го следи во текот на неговиот живот, тоа е негова приватна работа, јас тука немам што да кажам. Ние како Влада, тоа што требаше да го направиме, го направивме и реагиравме веднаш откако оној нелегален материјал се појави на социјалните медиуми“,вели Христијан Мицкоски, претседател на Влада. 

Откако снимката со докторот предизвика бурни реакции во јавноста, се наметна и размислување дали треба да има токсиколошки тестирања за здравствнеите работници. Според министерот за здравство една од можностите е со најавените законски измени. 

-Имаме 12 работни групи кои работат на менување или синхронизација на тие закони. Една од можностите што ќе ја разгледаме е дали може во некој од законите да биде и тој член, изјави Азир Алиу, министер за здравство.

Кузмановски немал и активна лиценца за работа која му била истечена уште на 15 март, а барање за продолжување доставил минатата недела. Но има активен специјалистички факсимил со важност до крајот на 2028. Од Фондот за здравствено осигурување велат дека постаоуваат согласно договорот со Неврологија и од клиниката требало, но не ги известиле дека има доктор со истечена лиценца. Побарале и од лекарска Комора елкетронски да бидат поврзаљни со активните лиценци, но се уште не добиле одговор, велат од Фондот. 

Инаку од вчера, д-р Јован Божиновски е нов в.д. директор на Клиниката за неврологија.