Македонија
14. October 2025 - 16:31

Македонија со помош на ЕУ ќе гради национален центар за вештачка интелигенција – „Везилка“

„Везилка“ е името на првиот Национален центар за вештачка интелигенција која треба да биде дел од европската мрежа на АИ фабрики со директен пристап до европските суперкомпјутер. 

Истражувачите, стартпаите и институциите ќе имаат можност да развиваат напредни решенија засновани на вештачка интелигенција. ФИНК доби проект од ЕУ вреден безмалку 6 милиони евра, кој вчера го најави и претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон дер Лајен.

Генеративната вештачка интелигенција се уште нема доволно македонски извори кои може да ги користи, па поради тоа како главни извори се документите кои доаѓаат главно од бугарски јазик, но и останатите слични словенски јазици. Затоа прва задача ќе биде подготовка на јазичен модел кој ќе биде полнет со македонски документи, текстови и содржини, со цел тие да бидат главните извори, но и вештачката интелигенција да може во целост да ги разбере македонскиот јазик, култура, законодавство, и генерално македонското општество.

Откако ќе биде изготвен јазичниот модел, фокус ќе бидат четири гранки кои се дел од Смарт Македонија 

-Тој јазичен модел ќе се извршува на нашите сервери. Всушност ќе ги задржиме нивото на приватност, суверентитет итн. Верувам дека со овој проект, со „Везилка“ во сите овие области, почнувајќи од јавна администрација, здравство, енергетика, земјоделие ќе направиме значаен исчекор во подобрување на продуктивноста и зголемување на потенцијалот на македонската економија во овие области, вели професорот од ФИНКИ ДИМИТАР ТРАЈАНОВ. 

„Везилка“ е историски проект и има национално значење. Центарот е биде придружна единица на европската АИ Фабрика „Фарос“ во Грција. 

-Освен инфраструктура „Везилка“ ќе создаде Центар за обука во областа на Вештачката интелигенција. Планирано е да се спроведуваат обуки, едукативни програми и практични проекти со цел да се развијат вештини за новата дигитална економија. Ова е инвестиција и во луѓето, во истражувачите, во професорите, во професионалците, во претприемачите кои ќе ја водат Македонија во следната дигитална декада. Создавањето на Националниот центар за вештачка интелигенција е дел од нашата поширока визија. Македонија да стане дигитално суверена држава со силна научна и иновациска основа, вели министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. 

Генеративната вештачка интелигенција, особено по лансирањето на ChatGPT од компанијата OpenAI, ги промени тековите во глобалната економија.

Европската Унија која во суштина е многу зад главните глобални актери, како САД и Кина, преку овој проект, со кој опфатена е и Србија сака да го вклучи регионот во технолошкиот развој на Европа.