Отворено „Културно лето Богданци 2016“
Со концертот на џез бендот ,,Мозаик“ синоќа во Богданци почна традиционалната манифестација ,,Културно лето Богданци 2016“, која се одржува под покровителтво на општина Богданци.
Годинашнава манифестација, која ќе трае до крајот на идниот месец, ќе понуди културни содржини од различни жанрови кои беа најавени од страна на организаторот.
Според програмата, до крајот на овој месец, ќе се одржат уште два концерта во Домот на културата. Концерт за фагот и клавир ќе биде одржан вечер, а утре вечер публиката ќе има можност да го проследи настапот на студенти при Факултетот за музички уметности со интерпретации на популарни жанрови.
- Сите културни настани и содржини предвидени за месец август ќе се одржуваат на отворено, поточно во амфитеатарот кај ,,Паљурци“, и во градскиот парк каде ќе ги организираме настапите на фолклорниот ансамбл ,,Мегдан“ и на КУД „Бранд Петрушев“, рече Даринка Минова од службата за информирање на општина Богданци.
Минова посочи дека и годинава манифестацијата ќе заврши на 3 септември со изложба на дела кои ќе бидат изработени во рамки на Меѓународната графичка работилница „Софија“ во Богданци.
Ново на Сител
-
Орце Ѓеоргиевски најавува пуштање на подземната сообраќајница во центарот на Скопје
-
Шукова најавува отворање на младински центри по примерот на големите светски метрополи
-
Мециновиќ со фокус на решавање на јавниот транспорт и загадувањето на Скопје
-
Во тек пријавувањето за вакцинација против сезонски грип
-
Најмасовна крводарителска акција досега организирана во Струмица
-
Од вкупно 12 останати се само 3 кондураџиски дуќани во Охрид
-
Израел и Хамас постигнаа мировен договор
-
Предизборен карван на ВМРО-ДПМНЕ во Сопиште, Шуто Оризари, Бутел и Карпош