Македонија
9. October 2025 - 16:57
Локални избори 2025
Крафт Стрит – улица на занаетчии за центарци ветува Герасимовски кој трча за градоначалничкото столче по вторпат. Вели дека оваа улица ќе биде простор за промоција и развој за бизнис идеи.
Најава за реконструкција на повеќе главни сообраќајни артерии денеска пристигна и од Бобан Стефковски, кој повторно трча за градоначалничкото столче во Гази Баба .
Справување со дивите депонии, ново комунално претпријатие и нови паркиралишта, ветува кандидатката за градоначалничка на Карпош, Мојсова Мијоска.
Подобро водоснабдување и нови улици најавува кандидатот за градоначалник на Делчево, Иван Гоцевски.
Кандидатот за градоначалник на Левица за Аеродром најави дека хигиената ќе биде негов прв приоритет ако стане градоначалник.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар
-->
-->