Партиските изборни карвани со нови ветувања за поубави општини
Изборните карвани на политичките партии со нови ветувања за поубави општини и подобар живот на граѓаните. Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за градоначалници на Карпош, Лукровски и Центар, Лабудовиќ најавуваат целосна дигитализација на општините за искоренување на корупцијата и ставање крај на сообраќајниот хаос.
Наместо диви депонии нови детски игралишта најавува кандидатот за градоначалник во Центар. Промена на атмосферската и фекалната канализација во Хиподром, ветување на кандидатот за градоначалник на Гази Баба, Митовски.
Културен центар, Аеродромска чаршија, Технолошки парк се дел од ветувањата на Левица за општина Аеродром.
Визијата за целосна реставрација и ревитализација на Старата Чаршија и развој на културата ветуваат кандидатите за градоначалници Османи и Меџити.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар