Кандидатите за градоначалници за Скопје со бројни ветувања за подобар град
Недела дена пред молкот за локалните избори, кандидатите за градоначалници на Скопје растрчани на терен.
Орце Ѓорѓиевски ветува собирање на целото ѓубре во градот за 72 часа, ако стане прв човек на градот. Денеска го најави и проектот - нова поликлиника во Расадник – здравствен објект за жителите на овој дел од Кисела Вода.
Кандидатката на СДСМ ветува враќање на сјајот на Чаршијата, како еден од врвните приоритети ако стане градоначалничка. Нова урбана опрема, јавно осветлување и WIFI како дел од програмата за реконструкција на Чаршијата.
План за дигитално Скопје и во партиската агенда на Амар Мециновиќ. Најави интеграција на сите алатки кои Град Скопје ги има во една апликација. Но креатор на апликацијата ќе се бира без тендер, туку со натпревар меѓу програмери и награда од 50.000 евра за победникот.
Александар Трајановски со план градската администрација да се пресели во ГТЦ, а кај бараките на Град Скопје да се изградат две катни гаражи за да се реши проблемот со паркирање во Дебар маало.
За функцијата скопски градоначалник во игра се 16 кандидати.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар