Македонија
9. October 2025 - 12:26

Од вкупно 12 останати се само 3 кондураџиски дуќани во Охрид

Традиционалните постари занаети одат во заборав поради слабиот интерес кај помладите генерации да ги наследат вештините за нив. Од оние пак кои сеуште ги има како кондураџискиот од вкупно 12 останати се само 3 дуќани во Охрид  тоа значи дека за неколку години може да се случи да нема ниту еден кондураџија во градот посочуваат од Регионалната занаетчиска комора.

За дел од занаетчиите следува мртов период, во зима работата е преполовена а трошоците зголемени.

Причините зошто некои од дуќанџиите ставија клуч на врата се малата заработувачка и големите давачки. Инаку во Охрид од занаетчиите најбројни се фризерките, козметичарките и берберите.