-->
-->
Отворен ден со граѓаните за поголема свест за локалната корупција
-->
Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) Скопје денеска во Крива Паланка ќе одржи отворен ден со граѓани за подигнување на свеста за ефектите од локална корупција.
На отворениот ден граѓаните и граѓанските организации од Североистокот ќе можат да разговараат со претседателката на Државната комисија за спречување корупција Билјана Ивановска и со главниот државен ревизор Максмим Ацевски. Клубот на млади лекари од Скопје ќе даде поддршка на овој отворен настан со бесплатни совети за населението од Североистокот за заштита од корона вирусот, бесплатни мерења на притисок и општи здравствени совети.
Истражувачките новинари на ИРЛ заедно со тим на млади продуценти кои досега немале шанса да работат во македонските телевизии ќе патува низ повеќе региони во земјава, почнувајќи од Североисточниот регион, Полошкиот и Југоисточниот кои се планирани да се минат оваа пролет.
Целта е да анимираат граѓаните во борбата со корупцијата и криминалот и да се поддржат напорите на независните институции за расветлување локална корупција. Мотото на проектот е „Бори се со нас“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Хорор во два дома за стари лица: Им давале храна со поминат рок, погрешни лекови, ги терале да спијат по двајца
-
АХВ спроведе инспекциски контроли во училишни и кујни во градинки - Уништени 83 килограми храна
-
Мицкоски со бизнисмени од Струмица
-
Филипче: Државата им должи на фирмите 700 милиони евра, економијата е во колапс
-
Димитриевски: СДСМ врши притисок врз поддржувачите на ЗНАМ
-
Локални избори 2025
-
Преглед на вестите од светот
-
Продолжува судењето за „Онкологија“