Преглед на вестите од светот
По наредба на Трамп, 200 припадници на Национална гарада на Тексас пристигнаа во Илиноис, пред планираното распредување во Чикаго, на кое остро се противат локалните власти. Американскиот претседател тврди дека присуството на војниците е неопходно за да се смири насилството во градовите контролирани од демократите, да се сузбие криминалот и да се поддржат неговите иницијативи за депортација. Државата Илиноис и градот Чикако поднесоа тужба за да го блокираат распоредувањедување, тврдејќи дека е незаконско и неуставно.
Да бидам јасен. Доналд Трамп ги користи нашите војници како политички реквизити и како пиони во неговиот нелегален обид да ги милитаризира градовите на нашата нација. Џ.Б. Прицкер , гувернер на Илиноис
Ветувам дека градот Чикаго ќе направи сè што е во наша моќ за да ги заштити уставните права на сите жители на Чикаго. Оваа тужба е најновата демонстрација на нашата посветеност и може да биде апсолутно јасна дека претседателот не испраќа воени трупи во Чикаго за да нè чува безбедни. Го знаеме ова бидејќи Трамп има историја на напаѓање на Чикаго, изјави Брендон Џонсон, градоначалник на Чикаго
Националната гарда се состои од војници стационирани во федералните држави што обично реагираат на вонредни ситуации како што се прироросни катастрофи или големи проетсти. Гувернерот е тој што ја активира Гардата за време на вонредна сосотјба а вековните закони ја ограничуваат употребата на војската од страна на владата за домашни работи.
Делагациите на Израел и Хамас трет ден по ред водат индиректни преговори за ставање крај на војната во Појасот Газа. Во фокусот мировниот план на Трамп, кој предвивува прекин на огнот, ослободување на сите заложници, повлекување на изарелските сили и меѓународни напори за обнова на палестинската енклава. Преговарачкиот тим на Хамас утрово соопшти дека на Израелците им доставиле список на палестински затврореници што сака Израел да ги ослободи во замена за 48 те заложници што се уште се држат во Газа, од кои 20 се сеуште живи. Од денеска во преговорите кои се оддржуваат во Египет се вклучи и американска делегација составена од специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер. Во разговорите учестуваат и катарскиот премеир и шефот на туското разузнавање.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар