Loading Video...
Свет
3. October 2025 - 19:49

Преглед на вестите од светот

Аеродромот во Минхен повторно функционира откако ноќеска беше затворен поради прелет на сомнителни дронови. Тоа доведе до откажување и пренасочување на десетици летови, погодувајќи речиси 3000 патници. Инцидент со беспилоти летала пријави и Белгија. Во текот а нокта рој од 15 дронови биле забележан над воената база Елсенборн во провинцијата Лиеж, во близина на границата со Германија.

Германските и белгиските власти истражуваат кој стои зад овие операции. Во последните недели непознати беспилотни летала беа регистрирани над главните аеродроми во Данска и Норвешка, како и над индустриски и воени објекти.

Иако нема официјални обвинувања, некои европски функционери изразија сомнеж за можна вмешаност на Русија во инциднетите над аеродромите во Данска и Норвешка. Зборувајќи на 22-от годишен состанок на Меѓународниот клуб за дискусии "Валдај" кој се оддржува во Сочи, Путин се пошегува дека повеке нема да лета дронови над Данска.

Снежно невреме ја зафати Србија. Обилните снежни врнежи предизвикаа бројни проблеми, пред сѐ во сообраќајот, но и во електричната мрежа. Во градовите Ниш и Краљево, околу 50.000 луѓе се без струја.

-Екипи се на терен и работат на санирање на дефектите во диструбитната мрежа за електрична енегија, соопшти Електродистрибуција на Србија.

Во делови на земјата сообраќајот се одвива отежнато или е во прекин на повеќе патни правци. Надлежните служби со апел возачите да не тргнуваат со летни гуми и да ја приспособат брзината кон условите на патот.