Преглед на вестите од светот
Аеродромот во Минхен повторно е отворен по затворањето во текот на ноќта поради забележани дронови. Тоа ја принудило контролата на воздушниот сообраќај да ги прекине операциите, што довело до откажување на 17 летови и нарушување на патувањето за речиси 3.000 патници. 15 летови биле пренасочени кон Штутгарт, Нирнберг, Виена и Франкфурт, се вели во соопштението на аеродромот. Ова е најново нарушување на европскиот воздушен простор поради забележани дронови, откако претходно исто поради дронови привремено беа затворени аеродромите во Данска и Норвешка минатата недела. Прекинот на аеродромот во Минхен беше објавено во 22:18 часот .
Русија има предност пред Европа во силата на менталитетот и подготвеноста на нејзините граѓани за борба и саможртвување, изјави полскиот премиер Доналд Туск по состанокот на лидерите на Европската политичка заедница во Копенхаген, пренесуваат полските медиуми. Полскиот премиер нагласи дека Варшава нема интерес за ескалација на конфликтот или директна конфронтација со Москва, но предупреди дека поразот на Киев, според неговото мислење, би значел „крај на Полска и на Европа
Претседателот на Русија Владимир Путин во четврток изјави дека глобалната економија ќе страда без руска нафта, предупредувајќи дека цените ќе скокнат на над 100 долари за барел доколку се прекинат испораките.
Невозможно е да се замисли дека со губење на количините на руска нафта, ќе се одржи нормалната ситуација во глобалната економија и енергетскиот , потенцираше Путин.
Ова негова изјава доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп, минатата недела ги повика Европа, Индија и Кина да престанат да купуваат руска нафта за да ја намалат способноста на Москва да ја финансира својата војна во Украина.
-
Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар