Обвинителството постапува во насока за целосно испитување на причините за настанување на пожарот во Визбегово
Основното јавно обвинителство Скопје постапува во насока за целосно испитување на причините за настанување на пожарот во Визбегово.
-Јавен обвинител ќе издаде наредби и насоки за целосно испитување на причините за настанување на пожарот во Визбегово и евентуалната предизвикана опасност врз животот и телото на луѓето, имотот или врз животната средина, информираат од Обвинителство.
Во пожарот кој избувна утрото околу 9 часот на отпад за старо железо на улица „Б. Буна“ во скопско Визбегово, повредено е едно лице. Поради ветрот чадот од пожарот се гледа од неколку страни на градот.
Министерството за внатрешни работи, претходно потврди дека е приведен сопственикот на отпадот во Визбегово каде во тек е акција на гаснење на пожарот.
-До овој момент едно лице е повредено и е пренесено за укажување лекарска помош. Поради непочитување наредба од службено лице, приведен е А.Н., сопственик на правното лице што управува со отпадот, информира МВР.
Во гаснењето учествуваат еден авион „Ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување и еден хеликоптер. Од копно во гаснењето се вклучени пожарникари од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје и возила на „Комунална хигиена“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Арџи Беллио, претседавач на бордот на ОМД
-
Мали шанси за заедничка резолуција во Брисел за македонскиот идентитет
-
Партиите го следат случајот ДКСК, ќе побараат ли разрешување?
-
Политичките партии и на овие избори ќе бркаат повеќе гласови со доктори за градоначалници
-
Неколку шумски пожари активни низ државата
-
Пожарот во општина Василево петти ден активен
-
Со новите измени во Kривичниот законик, семејното насилство ќе се гони по службена должност
-
Во охридската болница се користеле стари апарати