Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

Во земјотресот што синоќа го погоди северниот дел на Авганистан загинаа најмалку 20 лица, а 320 се повредени, соопшти тамошното Министерство за здравство, објавувајќи нов биланс на жртви.
- Во провинциите Балк и Саманган загинаа 20 лица, а 320 се повредени, изјави за новинарите портпаролот на Министерството за здравство, Шафарат Заман, додавајќи дека ова е привремен биланс.
Земјотресот се случи синоќа околу 20:30 часот по средноевропско време во Холм, во провинцијата Саманган, во близина на градот Мазар-е-Шариф, на длабочина од 28 километри, соопшти Американскиот геолошки институт (УСГС).
Сината џамија во Мазар-е-Шариф од 15 век е оштетена во земјотресот, јавија локални медиуми. Камења се откинале од импозантната зграда, украсена со блескави плочки, особено од минарињата.
Потресот се почувствувал во текот на ноќта сѐ до Кабул.
Авганистан често е погоден од земјотреси, особено во планинскиот венец Хиндукуш, близу спојот на евроазиската и индиската тектонска плоча.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот: Анализа на изборните резултати
-

Доминација на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори: 55 градоначалници со се и тој на Скопје
-

Оставки во СДСМ по локалните избори – Филипче не се повлекува
-

Вреди го победи ДУИ по бројот на градоначалници
-

Какви јавни претпријатија наследи Орце Ѓорѓиевски?
-

Мисијата ОБСЕ/ОДИХР со оценка за локалните избори
-

Антикорупциска ги отфрли пријавите за прекрушувања на изборните правила
-

Нови пратеници на местото на тројца градоначалници од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ
