Loading Video...
Свет
3. November 2025 - 16:29

Преглед на вестите од светот

По синоќешните тензии и судири пред  Српското собрание, во Белград е мирно.

Стотици полицајци за разбивање нереди ги раздвојуваа противниците и поддржувачите на претседателот Вучич, при што беа фрлени камења, пиротехника и шишиња. 37 лица се приведени за нарушување на јавниот ред  а еден полицаец е повреден, соопшти српското министерство за внатреши работи.

Насилството почна кога антвлаидните демонстрантите се собрааа пред Собранието за да ја подддржат Дијана Хрка, мајка на жртва од уривањето на настрешницата во Нови Сад. Таа  очна штрајк со глад вчера околу 12 часот близу шаторската населба  пред зградата на парламентот, каде што со месеци кампуваат лојалистите на Вучиќ. Полицијата и Вучиќ, го обивнија демоснтрантите  дека први ги почнале судрите, додека тие кажаа   дека  индинетите биле   од луѓето во шаторската населба. 

Трамп изјави дека, засега, не размислува да и даде ракети Томахавк на Украина  за употреба против Русија . Американскиот претседател   не размислува ниту за нивна продажба на членки на НАТО, кои потоа би ги префрлиле во Украина, за да не ескалира војната. Зеленски со месеци го бара тоа   оружје.  Ракетите „Томахавк“ имаат дострел од 2.500 километри доволно долг за да удрат длабоко во Русија, вклучително и во Москва. 

Најмалку 20 лица загинаа а 530  се повредени во  силниот земјотрес што  синоќа го  погоди северен Авганистан, соопштија локалните власти, а се очекува бројот на жртви да се зголеми додека продолжуваат спасувачките операции.

- Ја спасив сопругата на мојот брат заедно со остатокот од семејството, но еден од нас беше исчезнат. Очајно барав да го најдам, а подоцна сфатив дека е заробен под урнатините. За жал, починал, неодамна се ожени, изјави  Хумајон Џан, преживеан .

Епицентарот бил во близина на  Мазар-е-Шариф, еден од најголемите градови во земјата, каде што живеат околу 500.000 луѓе. Меѓу ошеттените градби е и позната  Сина џамија. Дел од минарињата се урнале. Локалните медиуми јавија дека за среќа немало верници во внатрешноста во моментот на земјотресот. Тимови на ОН се веќе на терен и додтавуваа помош во погодените области.