Мисијата ОБСЕ/ОДИХР со оценка за локалните избори
Добро организиран професионален и мирен изборен ден.
Меѓународната мисија на ОБСЕ ОДИХР со генерално позитивна оценка за изборниот процес со низа забелешки во однос на изборната администрација, пристапот до медиумите и системот за решавање на изборни спорови.
Присуството на владини претставници во капмањата според меѓународните набљудувачи на моменти ја преминувало границата помеѓу државата и партијата, а меѓународната мисија истовремено ги охрабрува истражните органи докрај да ги расчистат наводите за можен предиборен поткуп
И во овој извештај на меѓународната набљудувачка мисија стои забелешката дека во изборниот законик и натаму не се имплементирани нивните препораки.
Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ ОДИХР на овие избори имаше и најголем број на акредитирани набљудувачи. Двата круга од изборите ги следеа 500 набљудувачи распоредени низ избирачките места
ОБСЕ ОДИХР ја стартуваа мисијата на почетокот на септември, а во земјава остануваат уште 10тина дена.
-
Деспина Tодоровска
Сите содржини од овој новинар
