Македонија
3. November 2025 - 16:32

Антикорупциска ги отфрли пријавите за прекрушувања на изборните правила

Пријави за агитирање, сомнеж за незаконско вработување во училиште, изјави од ветувања на кандидати за градоначалници се само дел од пријавите кои во текот на изборната кампања пристигнале на адреса на антикорупциската комисија.. ДКСК ги проверила наводите, а на денешната седница заклучи дека нема прекршувања на изборниот законик..

Бидејќи имало нејаснотии во правилата за медиумското претставување, Антикорпциска најави дека ќе побара преиспитувања условите за политичко рекламирање..

Маркетингот на политчките партии, се нашол под лупа на ДКСК откако Левица не доби простор за медиумско претставување на своите кандидати..

Политичкото рекламирање го анализираше и Уставниот суд кој ја отфрли иницијативата за преиспитување на упатството за поделба на времето за медиумско претставување..