Трамп: Можна е воена акција во Нигерија ако не запре убиството на христијани

Претседателот на САД, Доналд Трамп синоќа изјави дека е можно испраќање војници во Нигерија или да се извршат воздушни напади за да го спречи убиство на големиот број христијани во западноафриканската земја.
Тој одговарајќи на новинарско прашање дали предвидува војници на терен или воздушни напади врз Нигерија, Трамп истакна „Може да биде“.
– Мислам, други работи. Замислувам многу работи. Тие убиваат рекорден број христијани во Нигерија. Тие убиваат христијани и ги убиваат во многу голем број. Нема да дозволиме тоа да се случи, посочи Трамп.
Тој ден претходно се закани со воена акција против Нигерија, ако најнаселената земја во Африка, не запре со убивање христијани.
Неговата закана уследи откако неговата администрација повторно ја додаде Нигерија на листата на „земји кои предизвикуваат особена загриженост“ односно држава која ги крши верските слободи. На таа листа се и Кина, Мјанмар, Северна Кореја, Русија и Пакистан.
Нигерија, како одговор на заканите на Трамп, вчера соопшти дека ќе прифати помош од САД за борба против исламистичките бунтовници сè додека се почитува нејзиниот територијален интегритет.
Ја поздравуваме помошта од САД сè додека таа го признава нашиот територијален интегритет, изјави Даниел Бвала, советникот на нигерискиот претседател Боле Тинубу.
Во Нигерија живеат над 237 милиони луѓе поделени на околу 200 етнички групи. Северниот дел од земјата е претежно населен од муслимани, додека на југ живеат христијани.
Исламистичките бунтовници како Боко Харам предизвикуваат хаос во земјата повеќе од 15 години, убивајќи илјадници, но нивните напади се во голема мера ограничени на претежно муслиманскиот североисток на земјата. Според анлитичарите, иако помеѓу жртвите на исламистичките милитанти се христијани, огромното мнозинство жртви се муслимани.
МИА
Ново на Сител
-

Усмртен велосипедист на мостот „Гоце Делчев“
-

Поскапуваат горивата за половина до еден денар по литар
-

Лажен поп кој пеел за покојните на Задушница уапсен на гробиштата во Ѓорче Петров
-

Тешко повредено момче при тепачка во кавадаречко, приведено едно лице
-

Костадин Ацевски поднесе оставка во СДСМ, го повика Филипче и целото раководство да го стори истото
-

Одѕивот на локалните избори првпат не надминува 50 проценти, најнизок од независноста на земјата
-

Попладне и утре врнежи од дожд и засилен ветер
-

Над 19 илјади неважечки ливчиња во вториот круг за избор на градоначалници
