Мицотакис: Ердоган треба да разбере дека не е можно да им се заканува на Грција и на Европа за бегалското прашање
![]()
Потребно е да се спроведе Договорот ЕУ-Турција и да има враќања на мигранти, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на денешната прес конференција во рамките на Меѓународниот саем во Солун во однос на бегалското/ мигрантското прашање и додаде дека тоа е европски проблем, а европските земји треба да покажат посебна чувствителност за децата без придружба, jави дописничката на МИА од Атина.
„Бегалското прашање е европски проблем, не е проблем што е ексклузивно билатерален. Господинот Ердоган треба да разбере дека не е можно да им се заканува на Грција и на Европа, обидувајќи се да обезбеди повеќе средства за управување со бегалското прашање. Европа ѝ даде многу пари на Турција, шест милијарди евра во рамките на еден правилен договор меѓу Европа и Турција што е заемно корисен и за Европа и за Турција“, рече Мицотакис.
Тој истакна дека актуелната грчка влада следи различна политика во бегалското/мигрантското прашање во споредба со претходната влада.
„Тоа е политика што се потпира на логиката дека Договорот со Турција треба да се спроведе во однос на нашата одговорност, да има враќања, бидејќи ќе се смени процесот на доделување азил“, рече Мицотакис и истакна дека ќе има враќања на мигранти во Турција.
Грчкиот премиер посебно се задржа на прашањето со децата бегалци без придружба и истакна дека за ова прашање ќе ги информира лидерите на земјите од ЕУ
„Постои еден проблем во кој треба да покажеме особена чувствителност и се однесува на малолетните децата без придружба. Најдовме една многу непријатна, жална ситуација. Ќе почнам процес на известување на сите лидери и шефови на влади во Европа, барем оние на кои што тоа им го дозволува економската рамка да примаат малолетници без придружба, бидејќи некои не можат, за да ни помогнат и да се направи поделба на малолетниците без придружба, во сите европски земји. Смешно е сега да разговараме дека постојат земји што не прифаќаат да примат 50 деца без придружба. Бидејќи тие се бројките, од 50 до 100 до 200, истакна грчкиот премиер.
Мицотакис додаде дека е важна солидарноста во Европа и не може некои земји да се рамнодушни, да ги уживаат придобивките од Шенген зоната, а да немаат никакво учество во справувањето со бегалскиот провблем.
„Ако една земја сака да биде во Шенген, ќе треба, да прифаќа, во рамките на европската солидарност, да учествува во секоја одлука што ќе ја донесе Европската унија, во спротивно да има последици“, порача грчкиот премиер.
Во однос на економијата, Мицотакис рече дека Грција ќе биде „пријатно изненадување во еврозоната во следните три години“, а последните четири години „беа голема изгубена шанса“.
Прес конференцијата во рамките на Меѓународниот саем во Солун, традиционално се одржува секоја година, а премиерот на Грција одговара на прашањата на новинари од медиуми од целата земја.
Денешната прес конференција траеше над два и пол часа, а Мицотакис одговори на над 50 прашања, поврзани со економијата, даночната политика, примарниот суфицит, владината програма, бегалскиот/мигрантскиот проблем, односите со Турција и Албанија, но и за Договорот од Преспа и евентуалната средба со премиерот Зоран Заев.
Ново на Сител
-

Арсовска не сака да назначи нов директор на Комунална хигиена, претпријатието пред колапс
-

Касами менува реторика: Изјавата му била политички погрешно толкувана
-

Кандидатите за скопските општини со ветувања за млади, занаетчии, отворање на мали бизниси
-

Анализа на реториката на кандидатите за градоначалници во вториот изборен круг
-

Две третини од избраните градоначалници добија продолжување на мандатот
-

Сиљановска-Давкова од Парискиот мировен форум: Евроинтеграцијата е дијалог, а не диктат
-

47те дојави за бомби во училиштата се лажни, од 2022та до денес има вкупно 1314 дојави за лажни бомби во Mакедонија
-

Каква сезона на грип не очекува?
