Македонија се приклучува кон акцијата „Часот на планетата Земја“
Со исклучување на осветлувањето на 66 локации денеска Македонија ќе се приклучи кон глобалната еколошка акција „Час на планетата Земја“.
Македонија седма година по ред се приклучува кон оваа акција, а годинава со исклучувањето на осветлувањето на 66-те локации, ќе го надмине минатогодишниот рекорд. Осветлувањето ќе биде исклучено во 20.30 часот по локално време.
Во централното градско подрачје, ќе биде исклучено осветлувањето на на улицата Македонија, палатата Пелистер, Ристиќевата палата, Порта Македонија, Камениот мост, Скопската тврдина, Македонскиот народен театар, Музејот на македонската борба, Археолошкиот музеј, Паркот „Жена борец“, објектот на АЕК, Јавното обвинителство, Министерството за надворешни работи, плоштадот Филип Втори, мостот „Око“ и Мостот на уметноста.
Покрај централното градско подрачје, во акцијата ќе се вклучат и општините Аеродром, Карпош и Гази Баба кои ќе го исклучат осветлувањето на повеќе локалции на својата територија.
Во Охрид во мрак ќе потонат црквата Света Софија, Градскиот плоштад и гимназијата „Свети Климент Охридски“.
Поддршка кон акцијата најавиле и Струмица, Битола Велес, Крушево, Ресен, Радовиш, Струга, Куманово, Кавадарци и Берово, а осветлувањето ќе биде исклучено и во резерватот Јасен, цементарницата Усје, трговските центри Капитол мол и Сити мол, како и салоните на мобилниот оператор Оне.Вип.
Активен поддржувач на акцијата веќе четврта година е Црвениот крст на Република Македонија, а ЕВН Македонија годинава ќе подготви театарски перформанс за заштитата на планетата Земја и штедењето на електричната енергија што ќе се одржи во Даут пашин амам.
Покрај ова, ЕВН Македонија ќе го поддржи и конкурсот на тема „Како ќе го одбележиме Часот на планетата Земја во чии рамки ќе бидат избрани 10-те најдобри фотографии што граѓаните ќе ги испратат на емаил адресатаkonkurs@earthour.mk.
Годинава за првпат акцијата ќе биде поддржана и од Канцеларијата на УНДП во Македонија.
Кон глобалната акција ќе се приклучат над 178 земји и 7.000 градови ширум светот.
Ново на Сител
-
Берзите во зелено, Трамп се сомничи за инсајдерско тргување!
-
Никој на форумот во Делфи не ги оправда царините на Трамп – „Најпогодени ќе бидат Американците“
-
Градејќи нова зграда во Ѓорче Петров, урнале ѕид на соседната
-
Судски совет ја преиспита одлуката на судијата Ферати
-
Здравствени работници во земјата ќе се едуцираат како да им помогнат во долготрајната рехабилитација на повредените од Кочани
-
Акција: 43 лица осомничени за измами со брзи кредити
-
Советот на Кочани во понеделник ќе избира в.д. градоначалник
-
Нова криза со недостиг на терапија на Онкологија – тендерските процедури биле во тек