Македонија
10. April 2025 - 16:56

Судски совет ја преиспита одлуката на судијата Ферати

Судскиот совет нема став за двегодишната затворска казна изречена од судијата Ељведин Ферати.. Ја завршиле анализата на предметот, но во своето сопштение само редоследно пренесуваат како се одвивал целиот судски случај кој заврши со двегодишна затворска казна за обвинетиот Пајазити кој на пешаки премин удри во 22 годишната тетовчанка Теодора.. Појаснуваат дека построга казна не можела да биде досудена зараади одлуките на Апелациониот и Врховниот суд.. Намалување на претходната кана од 3,5 години побарало обвинителството..

Против  пресудата на  Основниот суд Тетово К.бр.436/23  од 30.11.2023 година жалба до Апелациониот суд Гостивар изјавил обвинетиот преку бранител. Апелациониот суд Гостивар  одржал  јавна седница на која  Јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство Гостивар, предложил делумно да се уважи жалбата на обвинетиот изјавена преку бранителот на начин што на обвинетиот ќе му се изрече поблага кривична санкција.

Од судски појаснуваат дека двегодишната затворска казна се уште не е правосилна, па секоја интервенција може да се смета како притисок.. 

Во меѓувреме, во одбрана на судијата Ферати, застанаа неговите колеги од тетовскиот суд.. Појаснуваат дека, обвинителството го гонело возачот за кривично дело од небрежност, повисокиот суд му ја намалил казната, а Врховниот, предметот го вратил на ново судење.. Токму одлуката на Врховниот суд оневозможила построга казна за обвинетиот Пајазити..

„Судијата, во повторената постапка, обвинетиот го осудил со максимална дозволена казна затвор, имајќи ја во предвид забраната за менување на полошо.. Поради тоа, апелираме до сите чинители во општеството да се воздржат од неоправдани коментари и да не се користи оваа пресуда за неосновани напади и јавен линч на судиите  кои постапувале во конретниот предмет “, се вели во известувањето на Подружницата на Здружението на судии при Основен суд Тетово. 

Семејството на починатата Теодора се заблагодарија за поддршката од премиерот кој побара Судскиот совет да го анализира случајот.. Двегодишната затворска казна за возачот ја сметаат за срамна и скандалозна, а како што велат, се сомневале и во корупција..

„Како семејство, имаме сомнеж дека позади оваа пресуда стојат политика, мито и корупција. Ние силно и натаму ќе се бориме за правда за Теодора. Исто така, јавно сакаме да прашаме зошто иницијативата како „Кој е следен“, немаат покажано никаков интерес за нашиот случај, а само наводно се борат против трулиот и корумпиран систем“, се вели во известувањето на семејството Ристовски. 

Судијата Ељведин Ферати во понеделникот ја изрече двегодишната затворска казна за Менсур Пајазити  кој пред три години на пешачки во Тетово удрил во 22 годишната Теодора.. При изрекување на пресудата рече дека возачот признал вика, изразил жалење а дотогаш и не бил осудуван..