Легендарната „буба“ заминува во историјата
Германската автомобилска компанија „Фолксваген“ соопшти дека од јули 2019 година ќе престане со производство на легендарниот модел „буба“.
Првата серија од овој модел беше произведена во далечната 1938 година во Германија, а автомобилска компанија соопшти дека пред да го прекине производството во фабриката во Мексико ќе пушти во продажба две посебни серии „Final Edition SE“ и „Final Edition SEL“, кои ќе бидат достапни како купе и кабриолет.
Од „Фолксваген“ наведуваат дека причина за ваков чекор е трендот на автомобилскиот пазар, каде фокусот е насочен кон теренски возила и електрични возила.
- Прекинот на производството по три генерации, и речиси седум децении, ќе предизвика силни емоции кај љубителите на ова возило, истакна директорот на „Фолксваген Америка“, Хајнрих Воебкен.
Моделот беше дизајниран во 30-те години на минатиот век од Фердинанд Порше, а по Втората светска војна стана исклучително популарен, особено кај младите. „Буба“ доби култен статус во 60-те години со хипи движењето, но деценија подоцна почна да бележи пад во продажбата.
Мината година во САД биле продадени околу 15.000 примероци што е драматичен пар во споредба со 60-те години кога се продавале и по 420.000 возила.
Ново на Сител
-
Тензиите на Блискиот Исток ги вивнаа цените на нафтата и гасот
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Градоначалникот на Кочани поднесе кривични пријави за неколку локали кои се уште работат незаконски
-
Одбраната бара ослободителни пресуди за Кешишев, Манев и Видевски за убиствата на Вања и Панче
-
Бјере: Моментумот за проширување е тука, искористете го
-
Се уште без договори Таравари со Ахмети, Тачи со Меџити
-
Бошњаците бараат кривично да се казнува негацијата на геноцидот во Сребреница
-
Реакција по роденденот на ВМРО-ДПМНЕ