Јолевски во посета на припадниците на АРМ на границата со Грција
Министерот за одбрана Зоран Јолевски, началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски и командантот на Здружената оперативна команда на АРМ бригаден генерал Васко Ѓурчиновски, денеска во Гевгелија ќе ги посетат припадниците на АРМ кои се ангажирани за асистенција на Граничната полиција на јужната граница на Македонија со Грција.
За време на посетата, како што соопшти Министерството за одбрана, Јолевски и Величковски ќе бидат запознаени со состојбата на теренот, ангажирањето на припадниците на АРМ, соработката и координацијата со останатите надлежни институции и локалната самоуправа, како и со практичното извршување на задачите за спречување на илегален премин на граничната линија со Грција, од страна на мигрантите.
Врз основа на одлуката на претседателот Ѓорге Иванов, а заради поддршка на Граничната полиција во справување со илегално преминување на границата, од 21 август годинава, со наредба на началникот на ГШ на АРМ на јужната граница кај Гевгелија се ангажирани потребен број војници, средства и опрема на АРМ кои извршуваат задачи за спречување на недозволено преминување на делот од границата со Грција.
Ново на Сител
-
Пожарот во Пулс ја зеде 61-та жртва, почина пациент кој се лекуваше во Литванија
-
Таткото тврди дека не е виновен
-
Мицкоски: Анкетната комисија за Кочани, да се прошири и за другите трагедии
-
Мицкоски не планира реконструкција – Таравари почна да брои пратеници
-
Филипче доби 4-годишен мандат со поддршка од 18.000 членови на СДСМ
-
ВМРО-ДПМНЕ за новиот имот на Левица: Апасиев е левичар од Али Експрес
-
Владата го зголеми капитациониот бод за матичните лекари
-
15 години клиничка болница “Аџибадем Систина”