Македонија
7. April 2025 - 16:53
Пожарот во Пулс ја зеде 61-та жртва, почина пациент кој се лекуваше во Литванија
Пожарот во дискотеката Пулс ја зеде 61та жртва. Почина уште еден пациент кој се лекуваше во Литванија. Состојбата на 29 годишниот Александар Гавриловски последните три дена многу се влошила по што денеска им подлегнал на раните.
Тој беше упатен во странство ден по трагедијата и беше еден од 4та најкритични пациенти. 29 годишниот Александар во пожарот се здобил со тешки изгореници кои ги зафатиле и дишните органи.
Се уште во критична состојба се двајца пациенти кои се лекуваат во странство, вели министерот Таравари. Минатата недела почина управителот на дискотеката кој исто така се лекуваше во Литванија. Во странските медицински центри во моментов се третираат 66 пациенти а на домашните клиники 10.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->